Македонија
12. May 2018 - 8:29

Сообраќајот на државните патишта по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно влажни коловози, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од амкедонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.