Сообраќајот без забрани по суви коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. И патниот правец Скопје - Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили каде се препорачува внимателно управување на делот кај село Близанско.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце
-
Две лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје
-
Возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид управувале возила под дејство на алкохол
-
Србија и Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството
-
Украина со дронови нападна рафинерија во близина на Санкт Петерсбург