-->
-->
Сообраќајна незгода на магистралниот пат Штип- Радовиш има тешко повредени
-->
Вчера околу 10 и 15 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која моторното возило „Тојота Јарис“ со струмички ресгистарски ознаки, управувано од Т.П 55- годишен од село Сушица-Струмица, удрил во предната отворена лева врата од моторното возило „Рено Меган“, запрено поради дефект, како и во возачот на возилото М.В 60- годишен од Струмица.
По ова моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В 22- годишен од Штип, удрило во задниот дел од моторното возило „Тојота“.
По незгодата возачот на моторното возило „Рено“- М.В е пренесен во клиничка болница- Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактури на 2 пршлени) и по укажаната лекарска помош е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Во времето од 11,30 до 14,30 часот за време на вршење на увидот од екипа од Секторот за внатрешно работи од Штип во присуство на Јавен обвинител, сообраќајот бил во прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани