Македонија
14. March 2016 - 13:36

Сообраќајна несреќа во Битола - Пешак заврши во кома

Во 21 часот и 50 минути на крстосницата од улиците Македонски Ѓемиџии и Даме Груев, се случила несреќа во која возило марка Фолцваген Поло со битолска регистрација, управувано од 55-годишниот битолчанец И.М. удрило во 55-годишниот пешак Љ.М.

Според податоците од полицијата, пешакот се здобил со тешки повреди, а моментално е во кома.

Полицијата извршила увид.