-->
-->
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила во Куманово, има повредени
-->
На 16.05.2021 околу 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово.
По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска