Македонија
2. February 2019 - 10:26

Сообраќајна несреќа на булеварот „Србија“ - скопјанка тешко повредена

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера  на булеварот Србија, 32-годишна скопјанка повредена и итно пренесена на Ургентниот центар. Според информациите на МВР, вчера  во 21.40 часот на крстосницата на булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и „3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка  во возилото „Тојота Ајго“.

Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Ново на Сител