Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот.
Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње. Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени - возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор