-->
-->
Сообраќајка во Штип: Возач удрил во мотоциклист и побегнал
-->

Вчера во 19.40 часот во Штип, на крстосницата од улиците „Крушевска Република“ и „5-ти Конгрес“ се случила сообраќајна незгода помеѓу непознато патничко моторно возило, управувано од непознат возач и мотоцикл „Сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од К.К. (23) од Штип.
По незгодата возачот со патничкото возило го напуштил местото, а К.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
По укажаната медицинска помош истиот бил пренесен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на патничкото возило и возачот кој го управувал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
