-->
-->
Сообраќајка во Автокоманда, со „Опел“ влетал во нотарска канцеларија
-->
Тешка сообраќајка се случила во текот на ноќта во скопската населба Автокоманда. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи возило со скопски регистарски таблички излетало од коловозот и завршило во нотарска канцеларија.
Граѓаните на социјалните мрежи сведочат дека во текот на ноќта се слушнале звуци на кочење и кршење на стакло.
Ова е втора ваква сообраќајна незгода кога вчера возило влета во угостителски објекти на булеварот „Партизански одреди“.
Се чини дека скратено работно време на угостителските објекти не е придонесува за поодговорно возење и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во пресрет на новогодишната ноќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација