Сообраќајка во Аеродром: Велосипедистот си гледал во телефонот а возачот во спротивната насока
Велосипедист е повреден на пешачки премин откако на него налетал автомобил кој во моментот излегувал од бензинска станица. Несреќата се случила доцна попладнево на бензинската станица на булевар Србија во скопската населба Ново Лисиче.
Како што раскажуваат очевидци за Сител, до несреќата дошло поради невнимание и на возачот на автомобилот но и на велосипедистот. Според нив, во моментот на несреќата велосипедистот управувал со велосипедот и истовремено гледал во својот телефон. Возачот на автомобилот пак кој сакал да се приклучи на булеварот Србија внимавал на возилата и не го забележал велосипедистот кој му доаѓал од спротивната страна.
На местото веднаш пристигна возило на Брза Помош. Велосипедистот кој се жалел на болки во градите веднаш бил префрлен во болница но нема информации за тоа каква е неговата состојба.
Од МВР се уште нема информации за оваа сообраќајна несреќа. Нив ги најавуваат по увидот кој полициските службеници го спроведуваат во моментов.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат