-->
-->
Сообраќајка во Аеродром, шестмина повредени
-->

Три автомобили вчера се судрија во скопски Аеродром, а има и неколку повредени. Околу 16:40 часот на крстосницата меѓу „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, три автомобили со скопски регистрации предизвикаа сообраќајна несреќа.
Со Ауди управувал 20-годишниот Х.Џ, со Шкода Јети 48-годишниот Д.М, а третиот автомобил во сообраќајката Форд ескорт го возел 20-годишниот З.Р.
Сите тројца возачи се здобиле со полесни повреди, а повредени се и сопатниците од Фордот.
Станува збор за 20-годишните Б.З. и А.З, како и А.М роден 1997-ма година.
Возачите на Форд и Ауди заедно со повредените сопатници биле пренесени во Ургентниот центар, па пратени на домашно лекување. Возачот на Шкода Јети е пренесен во „Свети Наум Охриски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
