-->
-->
Сообраќајка на патот Крива Паланка - Деве Баир, тешко повредено едно лице
-->
Вчера во 16.05 часот било пријавено дека на пат Крива Паланка - Деве Баир, во близина на место викано „Бегови бавчи“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 407“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(27) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од Крива Паланка.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Здравствениот дом Крива Паланка, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци