Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на влез за с.Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од с.Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуванo од В.Ј.(38) од с.Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од с.Црешево, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Ново на Сител
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии