Сонувала совршена венчавка, а потоа добила тумор: Девојката (24) не се откажа од борбата, а она што и го направи вереникот е ужасно

Емили Николсон (24) од Велика Британија се шокирала кога лекарите во 2016 година и рекле дека има тумор на мозокот - астроцитоа (најчеста форма на тумор на мозок кај возрасни лица). Година дена подоцна прогнозите биле уште пострашни - и екле дека има меѓу 12 - 18 месеци живот. Плачела, но продолжила со плановите за венчавка. Сепак, не било се така добро.
Вереникот Џејми Смит (24) ја оставил недела дена пред венчавката, и тоа со порака на Фејсбук. Несреќната девојка верува дека тоа го направил затоа што се здебелила нагло, а причина за тоа биле стероидите кои ги земала како дел од планот за лекување. Вели дека за шест недели се здебелила пет конфекциски броеви и добил дури 30 килограми.

„Напиша дека повеќе не сака да биде со мене и дека веќе долго не ме сака. Беше ужасно. Планот беше да се венчаме, но моравме тоа да го одложиме до 2017 година зошто одев на операција. Зборувавме и за тоа дека би можела да замрзнам јајце клетки за еден ден да можам да имам деца со помош на вештачко оплодување“, рече таа.
„Јасно нагласи дека не ме сака. Чувствував дека тоа е поради мојот изглед и она што ми се случи. Сега не чувствувам ништо кон него. Ме повреди, но нема смисла да се вознемирувам поради тоа. Морам да бидам јака во сето тоа“, рече таа.

Џејми се брани и вели дека не ја оставил тој Емили туку таа го напуштила него.
Пред страшната болест, Емили била многу витка и се занимавала со моделинг. Него го запознала во Австралија во која се отселила 2012 година со мајката, таткото и братот. Таму работела како менаџерка. Тој е од Нов Зеланд.
Дека нешто не е во ред со неа, родитлите се посомневале по серија напади, но во почетокот мислеле дека тоа е само поради многу работа и стрес. Се вратиле во Велика Британија и сега на страницата се обидуваат да соберат пари за вакцина, имунотерапија која би можела да и помогне, а чини 30.000 фунти.
Емили веќе успеа да живее подолго отколку што прогнозираа лекарите, а се надева дека со помош на лекот ќе добие уште повеќе време.
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
