СОНК бара да запрат отпуштањата во градинките
СОНК бара да се продолжат договорите на вработените во градинките кои останаа без работа. Синдикатот апелира надлежните институции да најдат решение бидејќи ваквата состојба неповолно се одразува и врз децата на кои им се менуваат воспитувачките. Неделков нагласи дека согласност за вработување на неопределено време од Министерството за труд има. Но, и покрај тоа на местата на овие лица се вработуваат нови кадри.
Емилија Филиповска од градинката Димче Мирчев во Велес е една од воспитувачките кои останаа без работа. Договорите по истекувањето иако им било ветено од надлежните, не им биле продолжени.
Од Министерството за труд остануваат на ставот дека тие не можат да одлучат кои лица ќе се вработат во градинките. Тоа е во надлежност на општините. Иако претходно соопштија дека обезбедиле согласност за 226 лица на кои им истекуваат договорите, да добијат решение за работа. Тогаш нагласија дека Министерството со ваквиот чекор ќе ја прекине догогодишната несигурност и незивесност кај овие лица и нивните работни места ќе бидат конечно сигурни.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар