Бизнис
30. October 2020 - 16:40

СОНК бара да им се платат дополнителните часови на наставниците

Да им се платат вишокот на работни часови на наставниците, а хронично болните да работат од дома, бараат од СОНК. Од синдикатот појаснуваат дека зголемен обем на работа во училиштата се појавил во паралелките каде има повеќе деца поради што се поделени  во две групи. Исплатата на надоместокот за дополнителните часови е законска обврска. Апелираат до директорите на училиштата побргу да ги направат пресметките за да не дојде до доцнење на октомвриската плата. Ако пак не ги добијат парите наставниците имаат право да ја бојкотираат наставата, а директорот да добие тужба.

Поради ширењето на вирусот, СОНК бара да се преиспита одлуката за работа со физичко присуство во првите три одделенија во основните училишта на хронично болните и повозрасните.

Според Царовска училиштата ќе останат отворени, бројка на заразени деца и наставници не е голема. Наставнциите пак кои имаат дополнителни часови да им се платат.

Според пресметките на СОНК за дополнителните часови еден наставник треба да добие плус 5.000 на нетото, односно 8.000 денари на бруто платата.

Според последната статистика 60-тина ученици и 160 наставнции во целата држава, се активни на Ковид 19.