Соња го возвраќа ударот: Не повикав полиција од досада, само кај нас насилниците имаат право да се појавуваат на ТВ
Откако Аца Лукас изјави дека ќе оди доживотно во затвор доколку се докаже дека физички ја нападнал, се огласи и Соња Вуксановиќ која рекла тоа што Аца го прави е безобразно и срамно.
По бројните изјави на Лукас во кои пејачот повторувал дека физички не ја нападнал Соња, неговата поранешна сопруга жестоко му одговорила.
- Мене не ме интересира што тој изјавува во јавност. Нема да се мешам во таа каша во која тој се обидува да ме вовлече, бидејќи само во оваа држава насилници имаат право да се појавуваат на телевизија. Што сакате друго да слушнете од мене? Нема да коментирам веќе глупости со кои тој се обидува да се испере во јавноста. Тоа што тој го прави е безобразно и срамно - релка Соња и додала:
- Заради нашето дете ќе останам доследна во јавноста да не изнесувам ниеден детаљ. Не ме интересира, ете ви го Аца Лукас па тој нека дава изјави какви што сака. Нека не ве интересира мојата страна. Вчера тепаше новинари, денес тепа жени. Немојте да ја барате мојата страна.
- Никој не побегнал од убав живот и ниедна жена не повикала полиција од досада - вели Соња.
Иако во полицијата ја признал вината, Лукас изјавил дека никога не кренал рака на својата сопруга.
Погледнете што се Аца Лукас кажа за Соња
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови