Сончево време со температури до 21 степен

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 km/h.
Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната до 21 степен.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 19 степени.
Во четврток и петок ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места ќе има врнежи од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 сантиметри. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
