Сончево време со температура до 19 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.
Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд (над 2000 мнв повремен слаб снег). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
