Сончево со умерена облачност, од утре обилни дождови
Времето во Македонија претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од четири до 10 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до седум степени.
Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има од четврток до сабота. Најпрвин врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000м.н.в. Во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100л/м2 дожд. Во четврток и во сабота на места ќе дува засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки