Сончево со температура до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност и во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ идексот ќе биде 8.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите долж Повардарието понекаде ќе надминуваат 40 степени.
Ново на Сител
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
