Сончево, со слаб до умерен северен ветер долж Повардарието

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено ќе има засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ индексот изнесува 7.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре долж ќе засилува. До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
