Сончево со мала облачност, попладне во северните делови дожд и грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот