Македонија
17. November 2015 - 8:18

Сончево со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. По одделни котлини наутро ќе има услови за слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 18 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде релативно топло и стабилно. По одделни котлини и речни делови ќе има слаба магла.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со умерен до повремено засилен југозападен ветер и со повремени врнежи од дожд.