Сончево со мала до умерена облачност

Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на променливо облачно и стабилно време - освен во петок, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд што на повисоките планини ќе бидат од снег.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
