Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Како што соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи, до петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.
МИА
Ново на Сител
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Во АНБ се следеле комуникации на новинари, јавен обвинител, поранешен министер, но и премиерот Мицкоски
-
Обвинетиот за нападот врз Арсовска тврди дека е тој жртва, го удрила со нога