-->
-->
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер
-->

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови, до почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакција на ВМРО ДПМНЕ
-

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
-

Верстапен победник на трката за Големата награда на Катар
-

Српската рафинерија НИС нема да работи од вторник, нагласува Вучиќ
-

Зеленски разговарал со Руте: Ова се важни денови за Украина
-

Американски и украински претставници разговараат за мировниот план за завршување на војната во Украина
-

Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција
-

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146
