Сончево со локална облачност
Времето денеска во државата ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник, особено претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник на истокот.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп