Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за три до пет степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
УХМР информира дека од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Ново на Сител
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни