Сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
До сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер иврем појава на град.
Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните деловим, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се зголеми.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки