Македонија
7. January 2020 - 8:06

Сончево и ветровито време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието каде наместа ќе достигнува до околу 65 км/час. Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус два, а дневната од нула до осум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до пет степени.