Македонија
27. April 2018 - 8:14

Сончево и топло време, попладне разладување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 12,  дневната од 22 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува период на топло време, во попладневните часови со умерен развој на нестабилна облачност и со локален краткотраен дожд и грмежи.