Сончево и топло со слаб до умерен ветер
– Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.
Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.
Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
