Македонија
31. August 2015 - 8:39

Сончево и топло, еве какво време не очекува оваа работна недела

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Во текот на недела ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време. Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.