Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени

Минималните температури утрово во земјава се движеа од 0 до 6 степени. Најстудено беше во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Битола, Струмица, Демир Капија и Претор со измерени 0 степени. Еден степен е измерен во Гевгелија и Охрид, 3 во Скопје-Петровец, Велес, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци и Штип, 4 во Тетово и Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, додека 6 степени се измерени во Виница, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 74 сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 19 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
