Сончево и многу топло, максималните температури од 31 до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
-Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ