-->
-->
Сончев и релативно топол декемвриски ден
-->

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, освен по котлините, каде ќе има појава на магла со променлив интензитет. Дневните температури во овие места ќе бидат пониски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
