СОМНИТЕЛНА СМРТ НА НОВИНАР: Паднал од петти кат, утврдено самоубиство, а пред тоа му го претресувале станот
Главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“ каде што работел Бородин, истиот ден рекла дека не верува дека Бородин направил самоубиство.
32 годишниот Максим Бородин, истражувачки новинар од Екатеринбург, починал од повредни здобиени кога на 12 април паднал од прозор од петти кат. Официјално неговата смрт е истражувана како самоубиство.
Портпаролот на полицијата во Сверлодската област кажа дека е „малку веројатно оваа приказна да има криминална природа“. Според неговите зборови, вратата на станот на Бородин била затворена од внатре и немало никакви знаци принуден влез. Додал дека клучевите од станот се пронајдени внатре и дека не е пронајдена последна порака.
Полина Румјанчева, главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“ каде што работел Бородин, истиот ден рекла дека не верува дека Бородин направил самоубиство.
Вјачеслав Башков, пријател на Бородин, на Фејсбук напиша на Фејсбук дека Бородин му се јавил во пет часот наутро на 11 април и кажа дека неговата зграда е опкружена со „сили на безбедност под опрема и маски“. Исто така, Башков кажа дека Бородин е вознемирен, но ниту бил хистеричен, ниту пијан. Ми кажа дека верува дека неговиот стан ќе биде претресен, дека службениците пред зградата веројатно чекаат судски налог и го замоли да му најде адвокат.
Меѓутоа, еден час подоцна Бородин повторно контактирал со нив и му кажал дека погрешил и дека службениците од обезбедувањето изведувале некоја вид на вежба.
-Не му се јавив после тоа, иако го чекав да напише нешто на Фејсбук, но ништо не напиша, а на 13 април медиумите објавија дека Максим е пронајден под неговата тераса и дека бил во брза помош, напиша Башков.
Бородин редовно пишувал за злосторствата и корупцијата. Во последните неколку недели пишувал и за смртта на руските платеници кои се борат во Сирија, идентификувајќи неколку борци од уралскиот град Асбест, кои се убиени.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада