Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција
Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) го испитува првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, а станува збор за турист од Англија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од ЕОДИ кусо соопштија дека туристот, заедно со неговата придружничка, која е без симптоми, се хоспитализирани во атинска болница, а резултатите од земените примероци и испратени во лабораторија ќе бидат достапни утре.
Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалониа, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во атинската болница „Атикон“.
Националната организација за јавно здравје на Грција во петокот преку соопштение информираше дека во соработка со европските организации, но и СЗО внимателно ја следат ситуацијата и на граѓаните им препорача да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.
Објаснија дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, а симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.
-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштија во петокот од Националната организација за јавно здравје на Грција.
Ново на Сител
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
