Солзите на италијанскиот фудбалер на пресот го трогна светот - За прв пат прозборе за својот болен син
Репрезентациите на Италија и Шпанија утре ќе го одиграат големото дерби во квалификациите за Светското првенство во Русија, а пред големиот натпревар во Торино, огромно внимание на јавноста на Апенините и привлече Леонардо Бонучи кој имаше емотивен момент на прес-конференцијата.
Стоперот на Јувентус најпрво говореше за тоа каков тежок испит ја чека Италија на претстојниот дуел со „фуријата“, но во продолжение самостојно проговори за тешкиот период кој го мина, односно за ситуацијата која се соочи неговиот двегодишен син.
Италијанските медиуми ја почитуваа приватноста на фудбалерот во изминатиов период и само пренесоа дека операцијата на двегодишниот Матео минала успешно и според најоптимистичките планови, а сега самиот Бонучи се обрати пред новинарите и со солзи во очите откри низ што минале тој и неговото семејство.
– Тоа што се случи во изминативе два месеци е направи посилен. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на мојата сопруга и на мојот син со кои минавме навистина тежок период, но заедно го пребродивме. Во вакви тешки времиња, сфаќате што е најважно во животот. Критиките секогаш ве тераат да ги подобрите перформансите, но тоа што се случува во реалниот живот е многу поважно од еден погрешен пас, – крајно емоционално изјави Бонучи кој мораше за момент да ја прекине прес-конференцијата за да ги сопре солзите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии