Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски
Во камерната сала на Македонската филхармонија утревечер соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.
Илкоски годинава одржа уште два рецитала. Во мај се претстави пред велешката публика во театар „Џинот” заедно со пијанистот Дино Имери, а солистички концерт имаше и во Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира 2017“.
Своето музичко образование Илкоски го започнува на 7-годишна возраст во ДМБУЦ-Илија Николовски-Луј Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование. Првите контакти со виолината ги остварува на својата седум-годишна возраст со проф.Румен Димитриев, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко.
Од неодамна Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија како и член на оркестарот за филмска музика на FAME`S.
Ново на Сител
-
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага
-
СДСМ: Граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од задоцнетите мерки на Владата
-
Прегазен 17-годишен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Стабилно и студено, со температури и под -10 степени
-
МЗ: Извршена трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска
-
Шведски Врховен суд: Активистите не можат да ја тужат државата за недоволна акција против климатските промени
-
Завршни зборови во судскиот процес против Додик
-
Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“