Солистички рецитал на гитаристот Дарко Багески на фестивал во Кампобасо

Гитаристот Дарко Багески утре ќе настапи со солистички рецитал на 11-тиот фестивал во Кампобасо, Италија, на кој ќе изведе дела од Џулијани, Пјацола, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис…
Со оваа концертна програма Багески минатиот месец настапи и во Тајпеј во организација на Taipei Genesis Guitar Orchestra, што беше премиерен концерт на македонски класичен гитарист во Азија.
Фестивалот во Кампобасо се одржува од денеска до 24 октомври и покрај Багески ќе настапат уште тројца музичари.
Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.
Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...
Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
