Сојуз на средношколци: Да се реши проблемот во МИГ – Учениците немаат настава по осум стручни предмети

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е, како што пишува во реакција, учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.
-Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот, наведува Сојузот.
Оттаму потсетуваат дека се залагаат за отворање две нови селективни гимназии – јазична гимназија по примерот на филолошките гимназии во Белград и Сараево и хуманистичко-општествена гимназија по примерот на образовен систем во Франција.
-Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи, пишува Сојузот на средношколци.
Ново на Сител
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
