Софтверски донации за поддршка на граѓанскиот сектор

Граѓански организации од Македонија можат да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5.000 долари на Microsoft Azure од програмата на Мајкрософт за поддршка на граѓанскиот сектор, што во Македонија и Балканот го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“, преку платформата Теchsoup Balkans.
Софтверските донации се на агендата на Денот на Мајкрософт за НВО секторот „Технологијата во облак го помага општеството", што се одржува денеска на Скопски саем, во организација на „Метаморфозис“ и Мајкрософт.
- Сакаме да ја доближиме технологијата до невладиниот сектор имајќи ја предвид неговата важна улога во општеството. За да им помогнеме да ги олеснат нивните процеси и да бидат попродуктивни во работата преку технологите на Мајкросфт Ofice 365 или Azure им даваме можност за донација за да имаат пристап до технологиите и полесно да ја завршат нивната мисија, изјави Влора Адеми, координатор за образовни програми на Мајкросфт во Македонија.
Како што информира Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, програмата Теchsoup Balkans е достапна три години, но во Македонија ја искористиле околу 100 организации, иако се активни многу повеќе.
- Отворените денови за невладините организации служат да ги промовираат новите технологии и граѓанските организации да дознаат не само за софтверот и останатите достапни технологии, туку да научат како да ги користат, бидејќи најчесто начинот на користење е главната пречка зошто не се осмелуваат да ги имплементираат во нивната работа, додаде Јашари.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
