Софија загрижена за состојбата во Македонија
Бугарскиот претседател Росен Плевналиев во телефонски разговор со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите.
- Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на ЈИЕ Бугарија е подготвена да соработува за изнаоѓање на решение, истакнал Плевналиев за време на разговорот, пренесува неговата прес-служба.
Решението, според него, е во дијалогот, во почитување на правилата, на принципот на владеење на правото и на Уставот.
Шефот на бугарската држава подвлекол дека последните години Бугарија исто така помина низ политички кризи.
- Кога земјата е исправена пред тежок избор, протести и силни политички спротивставености, единственото решение е почитување на Уставот и обезбедување на правниот поредок во државата. Придржувањето кон овие принципи и помогна на нашата земја да ги надмине политичките кризи и да биде денес фактор на стабилност на Балканот, посочил Плевналиев.
Тој изразил убеденост дека за враќање кон политичката стабилност ќе придонесе организирањето фер и демократски избори согласно Законот и во интерес на сите граѓани.
- Решението може да биде постигнато само низ дијалог меѓу политичките лидери, спречување на насилство и воспоставување ред во државата, посочил Плевналиев.
Политичките партии, пак, треба да се ангажираат во зачувување на редот и откажување од секаква форма на насилство.
Претседателот Плевналиев изразил поддршка и за работата на Специјалниот обвинител кој, според него, треба да продолжи со истрагите и целосно спроведување на договорот од Пржино. - Граѓаните очекуваат правда и таа не може да им биде одземена. Корупцијата во највисоките кругови на власта треба да се истражува, а не да се амнестира, рекол Плевналиев во телефонскиот разговор со Иванов.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, смета дека Македонија ќе биде трајно дестабилизирана, како и дека претстојните избори може да не се одржат, поврзувајќи го тоа со мигрантската криза.
- Македонија ќе биде трајно дестабилизирана според мене. Би сакал да грешам, рекол Борисов во изјава за новинарите по вчерашниот состанок на бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност.
Врз основа на разговорите со македонскиот претседател, Борисов изјавил дека мигрантскиот притисок врз земјата е резултат на добра подготовка бидејќи нападите врз границата се од организирани групи. Според него, македонските безбедносни сили биле принудени да употребат солзавец и додава дека ваквиот притисок ќе продолжи подолго да се случува.
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“