-->
-->
Софија воведува целосна забрана на коњските коли низ градот
-->

Властите на бугарскиот главен град Софија ќе го забранат возењето со коњски коли по градските улици во пресрет на бугарското претседавање со Европската унија.
- Коњските коли се опасност на патот, го валкаат градот и се забранети во сите главни градови во Европа, освен таму каде се користат во туристички цели, изјави Симеон Славчев, член на Советот на градот Софија.
Во Софија и сега е забрането возење на коњски коли низ центарот на градот, но е дозволено само во приградските населби, но оваа забрана не се почитува многу и често се случува запрегите да се видат низ центаралните делови.
Славчев вели дека во рамките на новите мерки, ќе се запленуваат како колите така и коњите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
