Софија Вергара објави прва фотогрaфија со сопругот по неговите здравствени проблеми

Софија Вергара и нејзиниот сопруг Џо Мањаниело, објавија заедничка фотографија, прва по шест недели на отсуство од јавноста на актерот поради здравствени проблеми.
Убави, насмеани и среќни, двојката потврди дека здравствената состојба на актерот се подобрува.
Да потсетиме, Џо кон средината на април заврши во болница поради воспаление на слепото црево, поради што мораше да ги откаже снимањета на серијата „Six“.
Двојката уживаше во шампањско и разни солени закусни, па се чини дека Џо навистина е подобро.
- Џо е одлично. Тој имаше мали проблеми, но сега е се во ред, кратко кометираше Софија за здравствената состојба на нејзиниот четири години помлад сопруг, додека во родната Колумбија снима реклама за една марка пиво.
Се шпекулира дека здравствени проблеми на актерот се поврзани со алкохолот, со оглед на тоа, дека не е тајна оти тој 13 години се бореше со таа зависност.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
