Македонија
5. December 2024 - 16:36

Социо-економско влијание на Пивара Скопје: 139 милиони евра за домашната економија

Пивара Скопје минатата година создаде 139 милиони евра во македонската економија, што е 1% од бруто домашниот производ. Од нив 71 милион евра се даноци исплатени во државниот буџет. Ова го покажа новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје во Македонија, изработена од независната консултантска куќа „Стјуард Редквин“. 

Генералниот директор Митрев вели дека нивниот успех се темели на четири столба:

„Беспрекорниот квалитет на производите кои ги нудиме на нашите потрошувачи, партнерскиот однос и креирањето заедничка вредност со купувачите, искрениот и несебичен придонес кон заедницата во која делуваме и нашите вработени, колеги, кои сметаме дека се нашата „тајна состојка“ “ - Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје

Над 8.700 работни места се одржуваат од приходите на Пивара Скопје. За нив годишно се исплаќаат плати од 37 милиони евра. 

На секое потрошено евро од купувачите, назад во општеството се враќаат 68%.

„Ги разгледавме профитот, даноците и платите за Пивара Скопје. Поголем дел од придонесот на Пивара Скопје во економијата повеќе од 50% завршува како данок, втората компонента се платите, а третата компонента е добивката“ - Рене Ким, Консултант, Steward Redqueen

Пивара Скопје вложува над 200 илјади евра годишно во реализација на општествено одговорни активности.

„Секој успешен бизнис треба и активно да вложува во заедницата. Тоа го правиме преку иницијативи фокусирани на владите, заштита на животната средина и општествените текови. Многу сме среќни што можеме да делувме во сите овие области“ - Горица Стојковиќ, генерален директор на The Coca-Cola Company за Србија, Црна Гора и Македонија

Компанијата соработува со над илјада домашни добавувачи и со над 12 илјади трговци на големо и мало. 

На презентацијата на студијата присутен беше и заменик министерот за економија кој рече дека како Влада се отворени за соработка со бизнис секторот, особено со вакви еминентни компании.