Социјални услуги во Азербејџан само за вакцинирани против Ковид-19
Граѓаните на Азербејџан од 16 август ќе можат да ги користат социјалните услуги само доколку поседуваат сертификат за вакцинација против коронавирусот, соопшти денеска Министерството за труд и социјална заштита.
Апликациите на граѓаните и нивното разгледување при приемот во Министерството и неговите структури, како и во центрите за пензиска служба и вработување, ќе се поднесуваат само со приложување сертификат за вакцинација на соодветното лице, се наведува во соопштението. Според новите правила, електронски поднесените апликации, исто така, ќе се разгледуваат само доколку се внесат податоци за постоење на ковид сертификат.
Во Азербејџан, вакцинацијата против коронавирусот започна на 18 јануари, и досега се вакцинирани повеќе од половина граѓани на земјата. Кон крајот на минатиот месец, властите во Азербејџан одлучија задолжително вакцинирање до 1 октомври на најмалку 80 проценти од сите вработени во државните, здравствените, фармацевтските, научните и образовните институции, комуналните структури, во областа на транспортот и комуникациите, во социјалната сфера, во трговијата и јавното угостителство и во туристичките објекти.
Ново на Сител
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Собрание на РСМ
-
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор
-
О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива река и да се испита делувањето на инспекторите
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“