Македонија
15. December 2019 - 19:22

Социјална сторија - на работ на егзистенција

Судбината си поиграла со 65 годишната Илинка Ристоска од Горно Лакочереј. Таа вели дека најтешко е да се остане сам и беспомошен во четири ѕида.

Од својата седум годишна возраст е по болници но и покрај 12 те операции кои ги има зад себе и ракот со кој моментално се бори таа не се жали.

Откако починале нејзините родители живее  сама во трошната куќа во која царува влагата и пукнатините по ѕидовите и вратата.

Изминатите три години неможе сама да се  движи а ја плашат и секојдневнте болки кои ги чуствува ,одвреме навреме со храна и работи кои и се неопходни и помагаат комшиите и волонтерите од Црвениот крст од Охрид.

Додека многумина празниците ќе ги поминат во топлите домови со најблиските Илинка Новата година ќе ја дочека сама врзана за својот кревет.

Илинка вели дека до нејзиниот двор поради тесниот импровизиран пат неможе да дојде ни брза помош ,пожарна ниту пак такси, иако и ветувале на избори дека ќе и го направат патот од сето тоа се уште ништо.

Од Црвениот крст од Охрид потенцираа дека голем е број на стари лица кои се осамени и имаат потреба некој да им се јави да почуствуваат дека некој е тука и се грижи за нив.

Илинка денес е сама без семејство и деца.

Иако ги нема основните услови за живот позитивна е и во најтешките моменти,нејзината желба е многу скромна да и се варосаат трошните ѕидови каде ги поминува деновите и да и се направи патот и уличното осветлување до нејзиниот дом.